Австрискиот парламент со големо мнозинство усвои закон за потпомогнато самоубиство, според кој тешко болните од Нова година ќе добијат пристап до смртоносниот лек.
Сепак, оваа опција е отворена само за луѓе кои се сериозно болни. Активната евтаназија сè уште е забранета.
Новиот закон стана неопходен откако Уставниот суд ја укина забраната за потпомогнато самоубиство. Според мислењето на судиите, со ова се нарушува правото на самоопределување.
Новиот Закон за потпомогнато самоубиство содржи неколку услови кои мора да се исполнат. Така, лицето кое го бара мора да има најмалку 18 години и да има медицинска дијагноза, а секој случај ќе го оценуваат двајца лекари. Дополнително, ќе треба да поминат најмалку неколку недели за да се осигура дека не се бара евтаназија поради привремената криза. Дури тогаш смртоносниот лек ќе можат да го набават во аптека.
Владејачката конзервативна Австриска народна партија и коалициниот партнер Зелените го поддржаа законот во парламентот, како и опозициските социјалдемократи и либералната партија Неос. Единствено екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија не го поддржа овој закон
Министерката за правда Алма Задиќ од Зелените посочи дека ќе се преземат мерки за да се понудат алтернативи на самоубиството.