Македонија Најважни

Владата сеуште без одговор – како Делиџакова стана потпретседател на КХВ

Како Лиле Делиџакова, сестрата на Катица Јанева, ги минала сите филтри со непотполна документација и спорно работно искуство пред да биде предложена а потоа и именувана за потпретседател на Комисијата за хартии од вредност (КХВ) од Владата засега нема информација. Владата треба да соопшти каде затаил системот и зошто била заобиколена процедурата во случајот со Делиџакова и кој ќе понесе одговорност за тоа и на крајот дали Делиџакова ќе биде разрешена од функцината која ја извршува.

Телма се обиде да ја контактира Делиџакова но таа не одговараша на пораките и повиците на нејзиниот мобилен телефон.

Антикорупциска утврди дека дел од документите кои ги доставила Делиџакова биле откако била предложена од Владата до собранието со што се прекршени условите дадени во огласот за вработување. Нејзиниот избор е на седница на Владата на 17 април 2018 година а спорните документи датираат од 24 април.

За да нема вакви пропусти Владата, во својот деловник, предвидува Комисија за именувања чија задача е меѓу останатото и да ја проверува документацијата и податоците кои  кандидатите ги доставиле во апликацијата.

Управниот инспекторат пак, на барање на Антикорупцсика извршил увид и констатирал дека се е уредно освен во графата прилог која била празна а во која требало да се наведат приложените документи во апликацијата.

Премиерот Заев по нејзиното именување изјави дека во моментот кога била изгласана не знаел дека е сестра на Јанева а од Владата пак потоа соопштија дека таа ги исполнувала сите услови – „Дипломиран економист – 20 годишно искуство во работење со финансии, банкарство и општо економски менаџмент“. Меѓутоа во нејзиниот роден град – Гевгелија, Делиџакова беше позната како сопственик на фризески салон а не економист со искуство во царината и во една домашна фармацевстска компанија.

За Антикорупционерите спорен е и изборот на сегашниот претседател на КХВ, Нора Алити бидејќи таа го нема бараното работно искуство од 5 години во таа област.

Антикорупциска и Владата веќе неколку пати се судрија кога станува збор за судир на интереси и злоупотреби од високи функционери. Официјално се бара оставка од директорот на Агенцијата за  филм Горјан Тозија и одговорност од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев кој не се изземал при носење на владина одлука.  За Тозија сеуште нема одговор  додека за Ангушев ставот на Владата е дека со тоа што тој присуствувал на седница  и дал стручни појаснувања за нив не претставува судир на интереси.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари објави дека АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе