Вести Македонија Топ вести

Жртвите на семејно насилство во пандемијата останаа дома со насилните партнери

Стравот од неизвесност, немањето стабилна работа, како и лошата
финасиска состојба се најчестите причини што ги навеле жртвите на
семејно насилство како причина зошто останале предолго со насилниот
партнер. Во изминатите месеци во струмичкиот Центар за згрижување се
обратиле 50 жртви на семејно насилство од Југоистокот, а речиси
половина биле згрижени. Најголемиот дел од нив потврдиле дека немаат
каде да одат, ниту дека можат да опстанат со децата и минимални
примања.

Во Центарот каде се обезбедува бесплатно сместување, храна и правна и
психо-социјална помош на жените – жртви и нивните деца, велат дека
бројот на пријави расте, жените почесто се осмелуваат да излезат од
насилниот дом.

И СВР Струмица потврдува дека има голем број пријави за семејно
насилство. Бројот на пријавите во првите четири месеци од годинава е
за 30% повисок од истиот период лани, за што сметаа дека причина е
пандемијата и долгите викенди кога имаше забрани за движење за
граѓаните.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе