Македонија

Штипските таксисти бараат зголемување на цената на превозот на патниците

Штипските таксисти бараат зголемување на цената на стартот од 50 на  70 денари. Барањето ќе го достават до новиот локален совет, а причините се зголемувањето на цената на горивата, но и на новите законски одредби, кои се во прилог на поголема професионализација на овој бизнис.

Ставањето на ред во такси превозот ќе значи и подобра услуга кон патниците, а не како досега по улиците да возат и диви таксисти.

Унифицирањето на возилата и новите жолти регистерски таблички мора да се реализира за една година.

Пандемијата, но и дивите такси превозници удрија врз легалните такси фирми. Ако до пред неколку години во Штип имало 300 такси возачи, сега оваа бројка е преполовена. Немање на доволни такси возила низ улиците придонесе и граѓаните да ги чекаат од 10 до 30 минути.

Освен такси превозници, повисоки цени на билетите бараат и автобуските превозници, доколку до крајот на месецот не запре растот на горивото и не се преземе нешто Владата.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе