Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ ,ќе се одржи по осми пат, од 15 до 19 септември , под отворено небо, во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, во организација на Општина Аеродром и театарот Комедија“. Ќе започне со премиера на претставата „ Грдиот“, по текст на Мариус фон Маенбург, а во режија на Ирена Стеријовска.
На програмата на „ Гола месечина“ се и претставите: „Чудесна терапија“, на Драмскиот театар од Скопје, „Што е силеџија“, во продукција на Театарот за деца и младинци, „Мој термин“, од МНТ и „Вообразен болен“, од НУЦК „Трајко Прокопиев“ –Куманово.
Фестивалот ќе се одржи според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер. Тој и годинава ќе биде од ревијален карактер и ќе изостанат претставите од соседството. Сите претстави ќе почнуваат во 21:00 часот.
Поради ограничениот број на седишта (до 200), ќе може да се влегува само со бесплатни билети што може да се подигнат од пријавницата на Општина Аеродром од 9:00 до 15:00 часот на денот на секоја претстава. Едно лице може да подигне два билета за една претстава, со приложување лична карта, но доколку поседува сертификат за вакцинација.