Саем на книга во време на пандемија. Нов мегдан за издавачите и читателите. Со почитување на сите здравствени протоколи, низ дијалогот на различни култури и цивилизации, различни жанрови и предизвици со кои се соочува човештвото уште една можност барем за миг да имате чувство дека низ литературата светот ви е на дланка.
Со оглед на тоа дека е време на пандемија читањето е веќе во подем уште од минатата година. Бројот на читатели навистина се зголеми на наша огромна среќа и радост и се чита многу повеќе во споредба со минатите години и за саемот има многу повеќе интерес. Најголем интерес има за новитетите што ги имаме на секој саем, вели Александра Тодоровиќ, книгоиздателство ТРИ
Сепак во одреден дел здравствените протоколи ја намалија посетеноста, забележуваат дел од издавачите.
Овој пат сум прв пат како вработена, претходно како посетител и до лани имаше многу повеќе луѓе. Претпоставувам дека тоа се должи на мерките со сертификатите, не претпоставувам туку тврдам, изјави Ивана Божиновска, книгоиздателство АНТОЛОГ
Низ лавиринтите на книжевноста различни генерации во потрага по нови книжевни светови.
Многу повеќе читам на англиски, но има и македонски книги. Немате доверба во македонските преводи? Не, мислам дека на англиски јазик има повеќе избор.
Од се по нешто, малку македонска литература, малку англиска литература. Може лектурата да се подобри во преводната литература кај сите македонски издавачи. И мислам дека треба повеќе да се обрне внимание на печатните грешки, ама буквално кај сите македонски издавачи. Не толку на преводот, колку на грешките.
Не сум јас многу по читањето, романи и такви нешта. Повеќе сум по стрипови, Марвел.
Тврдам дека кај нас се чита, без оглед што некои мислат поинаку. Во пандемијата можеби тоа дојде најмногу до израз, вели писателот Петар Андоновски. Луѓето најдоа прибежиште во книжевноста, колку и да се различни мотивите, додава тој .
Мислам дека секогаш и кога сакаат одредени јавни личности да дадат тежина на својата кариера тие пишуваат некоја автобиографија или биографија, без ралика дали се спортисти или пејачи, па еве дури во последно време хит во Србија е книгата на Аца Лукас. Тоа само во суштина кажува дека луѓето сакаат книги, иако саемот е послабо посетен, што се должи на одредени мерки, вели Петар Андоновски, писател
Во рамките на годинашниот Саем на книга кој ќе трае до 14 септември ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, и големи саемски попусти до 70 %.
Нина Стефанова