Култура

Музика и поезија за деца вечерва на Скопско лето

Вокално – инструменталниот состав „ Тркалезна маса“, вечерва во Сули ан ќе го изведе поетско – музичкиот перформанс„ Песни и звуци од чудната шума“,. Изведбата на перформансот е во рамките на годинашното „ Скопско лето“ , а ќе започне во 20 и 30 часот.

Проектот „Песни и звуци од чудната шума” е поттикнат од новиот бран на актуелната продукција на поезија за деца. Среде Старата скопска чаршија, преку музички пејзажи, публиката ќе биде воведена во амбиентот на шумата, а ќе се читаат најнови песни за деца, најголемиот дел неодамна објавени во е-списанието „Чудна шума”. 

„ВИС Тркалезна маса” е група настаната во рамките на четириесетмесечниот поетски маратон „Астални проекции”. Составот обединува писатели, музичари и уметници, со различни творечки искуства, сплотени околу меракот за импровизирана музика, настаната во спонтан дијалог со книжевноста и со омажи на значајни уметници и писатели – Дејвид Боуви, француски надреалисти, Блаже Конески, Лилјана Дирјан. Покрај многубројните концерти во рамки на  „Астални”, ВИС Тркалезана маса настапувал на неколку манифестации: Денови на европската култура, Радио Слободно Скопје, АртАреа. 

Настапуваат поетите, визуелни уметници и музичари: Ана Голејшка- Џикова, Ѓоко Здравески, Владимир Лукаш, Васко Марковски, Деан Шкартов, Душан Кировски, Перо Сарџоски, Владимир Мартиновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Круме Стефановски иТома Димовски.

Согласно објавените протоколи бројот на публиката ќе биде ограничен и задолжително ќе биде почитувањето на препорачаните мерки: носење заштитни маски, мерење телесна температура на влезот на Сули ан, одржување на пропишаната физичка дистанца меѓу посетителите во гледалиштето и дезинфекција. Публиката ќе започне да влегува во 20:00 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе