Култура

Македонија со “Со Вера сонува за морето” дел од филмскиот фестивал во Венеција

По пауза од 21 година, Македонија е повторно дел од селекцијата на најстариот и најпрестижен филмски фестивал од А категорија , Интернационалниот филмски фестивал во Венеција, со филмот “Вера сонува за морето”.

Фестивалот во Венеција е настариот филмски фестивал во светот, кој се одржува секоја година во овој италијанскиот град. , на почетокот од септември.

Долгометражниот игран филм „Вера сонува за морето“ е копродукција помеѓу „Дрим Фектори“ , од Македонија (ко-продуценти: Огнен Антов, Стојан Вујичиќ), Косово: „Истра креатив фектори“ (продуцент: Шкумбрин Истрефи) и Албанија: „Пападимитри филм“ (ко-продуцент: Дионис Пападимитри).

Во филмот главната улога е Вера, која ја игра актерката Теута Ајдини-Јегени, првенката на Албанскиот театар во Скопје. Во филмот играат и Рефет Абази, еден од најпознатите актери од Македонија, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други. Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, кинематографер е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Огнен Антов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе