Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, другите демонстративно ги одбиваа, а во суштина сите работат за ист исход, да нема договор. Тоа е добро осмислено сценарио на СДС, Левица и ДУИ, а не политичко несогласување, посочуваат од партијата на власт.

Оттаму истакнуваат дека СДСМ, Левица и ДУИ немаат интерес да се усвојат современи изборни правила, ниту да се олесни гласањето на македонската дијаспора. Наместо реформи, тие избираат блокади, калкулации и политички пресметки.

Причината е јасна, а тоа е подготовка на сопствено алиби за следниот изборен циклус. Едните ќе се повикуваат на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите ќе зборуваат за условите за изборна кампања, а третите ќе тврдат дека не била почитувана волјата на граѓаните. Тоа се изговорите што однапред ги подготвуваат затоа што немаат аргументи, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Демократите го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран

Kristina Kuzmanovski

Александар Лазаров – Цуна кој избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, уапсен е во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе