Вести Свет

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Претседателот Доналд Трамп денеска најави дека се откажува од својот план за воведување 20-процентна такса за товарните бродови што минуваат низ Ормускиот Теснец, соопштувајќи дека приходите ќе бидат заменети со инвестиции во САД од страна на арапските земји од Персискиот Залив.

Трамп во понеделникот најави дека таксата ќе служи за покривање на трошоците за безбедност што САД ја обезбедуваат во овој клучен коридор за транспорт на нафта.

„Врз основа на многу продуктивните разговори со лидерите на Блискиот Исток, решив да ја заменам 20-процентната такса за надомест што ја бараа САД со трговски и инвестициски договори што различните земји од Заливот ќе ги склучуваат со Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, непосредно пред планираната средба со ирачкиот премиер во Белата куќа.

Претставници на администрацијата на Трамп претходно ја доведоа во прашање изводливоста и законитоста на наплатувањето такси во меѓународни води.

„Тоа е меѓународен воден пат. Ниту една земја нема право да наплатува патарини или такси на меѓународен воден пат. Тоа е дел од постојното меѓународно право“, изјави минатиот месец државниот секретар Марко Рубио.

И потпретседателот Џеј Ди Венс нагласи дека ставот на администрацијата е дека „меѓународните водни патишта треба да бидат ослободени од патарини“.

И самиот Трамп претходно изјави дека САД сакаат Теснецот да биде „слободен“.

„Сакаме да биде отворен. Сакаме да биде слободен. Не сакаме патарини. Тој е меѓународен. Тој е меѓународен воден пат“, изјави Трамп во мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе