Вардар славеше со 3-2 против КуПС на гостински терен, но не успеа да се пласира во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ по продолженијата беа елиминирани со вкупни 4-3.
Македонскиот првак одигра многу подобро отколку во Скопје, каде загуби со 2-0, и по 90 минути успеа да ја надомести негативата. Саволаинен си постигна автогол во 59. минута, а Горан Закариќ реализираше пенал во судиското надополнување за 0-2.
Првото продолжение донесе голема драма. Боб Арма намали за КуПС во 100. минута, но Иан Пулеио веднаш ја врати предноста од два гола за Вардар. Домаќините потоа добија пенал, кој Пјотр Паршек го претвори во гол за конечни 2-3.
Вардар со победа се прости од квалификациите за Лигата на шампионите, но европската сезона ќе ја продолжи во второто квалификациско коло во Конференциската лига.
Фото: Јохана Пелтари
