Вести Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова дел од Самитот на НАТО во Анкара

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова  ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО, којшто oваа година се се одржува во Анкара, Република Турција.

Во состав на делегацијата се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Претседателката ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет. Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на Алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина.

На маргините на Самитот предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да оствари средби со шефови на делегации на дел од земјите-членки на НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Речиси целиот комунален отпад во Македонија завршува на депонии

Tea Dimkovska

Судиите поротници денеска на протест-сите расправи се откажуваат

Kristina Kuzmanovski

Американец се повредил при слетување со параглајдер во битолско Породин

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе