Вести Свет

Ле Пен во вторник ќе дознае дали ќе може да се кандидира на избори

Моментот на вистината за лидерката на француската крајнодесничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен е на дофат, по неколку годишните судски процеси, конечната одлука, дали ќе може да се кандидира на претседателските избори до година, таа ќе ја дознае во вторник.

Апелациониот суд, по завршните зборови во февруари и четиримесечното разгледување, конечно ќе ја соопшти својата пресуда, дали Ле Пен е виновна за проневера на средства од Европскиот парламент за сметка на нејзината партија.

Клучниот елемент овде е дека оваа исклучителна одлука на првостепениот суд, оригиналната пресуда, која во основа и забрани да се кандидира на избори во следните пет години, потсетува Виктор Малет, новинар на Financial Times и автор на книгата „Десничарска Франција“.

Ова би бил нејзиниот четврти обид да се искачи на најмоќната извршна функција во Франција, откако потроши две децении ребрендирајќи ја партијата основана од нејзиниот татко, во тој процес трансформирајќи го Националниот фронт од маргинална партија, обвинувана за пропагирање фашизам, во најголемата мејнстрим политичка сила во Франција.

Мислам дека тоа е од огромно значење, затоа што таа долг период е еден од водечките кандидати на француските претседателски избори следната година. Ако ѝ дозволат да се кандидира постои голема веројатност дека ќе победи на тие избори. Значи тоа е неверојатно значително, смета малет.

Но, додека ја очекуваа пресудата Ле Пен и партијата не седеа со скрстени раце, охрабрени од историскиот резултат на парламентарните избори пред две години, и постојано високата поддршка во анкетите од тогаш наваму, Националниот фронт претседателските избори следната година ги гледа како досега најдобрата шанса да ја освои власта во Франција.

Една од интересните работи за Националниот фронт, крајнодесничарската партија која таа ја претставува и води многу години, е тоа што имаат двајца кандидати кои може да се кандидираат за претседател. Значи, ако таа е спречена, ако судот пресуди дека таа не може да се кандидира, тогаш тие го имаат нејзиното младо протеже, Жордан Бардела, кој може да се кандидира место неа. Всушност, тој е дури и попопуларен од неа во анкетите, вели малет.

Без разлика какава ќе биде пресудата, крајот на оваа француска политичка сага има и еден позитивен фактор, а тоа е што Националниот фронт конечно ќе се ослободи од овој процес кој последниве две години како облак виси над партијата.

Каков и да биде исходот, самиот крај ќе ѝ дозволи на партијата сама да го диктира јавниот наратив околу неа, и да го насочи кон темите кои досега и донесоа голем успех, миграцијата, безбедноста и високите трошоци на живот.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски очекува да се покачат цените на горивата – дизелот да поскапе од 2 до 2,5 денари за литар, а бензините 1 денар

Дејан Дејан

Унгарскиот премиер Маѓар предлага ограничување на мандатите на пратениците на 12 години

Дејан Дејан

Пожарот кај „Рампа“ кој се ширеше кон околните објекти е локализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе