Вести Свет

Песков: Русија ќе воспостави тампон зона долж границата со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија планира да воспостави безбедносна или тампон зона долж  границата со Украина, наведувајќи дека овој потег е условен, како што рече, од „агресивната природа на киевскиот режим“.

Почнувајќи од агресивната природа на киевскиот режим, за да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани, ќе мора да воспоставиме безбедносна или тампон зона. Таа се формира според планот. Нашите сили веќе постигнаа значителен напредок и никој не треба да се сомнева дека оваа зона ќе биде воспоставена до степен потребен за да се обезбеди нашата безбедност, изјави Песков за телевизијата „Вести“.

Тој додаде дека руските сили продолжуваат да напредуваат и дека резултатите од тој процес, како што изјави, се видливи на терен.

Песков го наведе „ослободувањето на Констјантинивка“ како еден од примерите, оценувајќи дека тоа е „многу значајна линија“ и важен чекор кон преземање контрола врз, како што рече, утврдената област Краматорск и Славјанск.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски очекува да се покачат цените на горивата – дизелот да поскапе од 2 до 2,5 денари за литар, а бензините 1 денар

Дејан Дејан

Пожарот кај „Рампа“ кој се ширеше кон околните објекти е локализиран

Дејан Дејан

Пожар избувна во магацин во скопската населба Кисела Вода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе