Вести Свет Топ вести

 „СОС“ Венецуела“ проектирано на статуата на „Христос спасителот“ во Рио

Специјална порака на „СОС ВЕНЕЦУЕЛА“ беше проектирана на иконската статуа на Христос во знак на почит кон жртвите од земјотресите што ја погодија Венецуела минатата недела.

Оддавањето почит беше организирано од светилиштето на Христос Спасителот, кое исто така се приклучи на националната кампања на бразилската католичка црква „СОС Венецуела – солидарност и братство“ за собирање донации за погодените семејства.

Венецуела беше погодена од два силни земјотреси на 24 јуни со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени.

Потресите убија повеќе од 2000 луѓе, повредија над 11.000 и оштетија или уништија десетици илјади згради, а ла гваира претрпе најтешко уништување.

Вршителот на должноста, претседателката на венецуела, Делси Родригез, пак ги отфрли поплаките дека владата реагирала премногу бавно на катастрофата и ги оставила цивилите да го преземат поголемиот дел од спасувачките напори.

Нејзината рекација дојде еден ден пред да истече продолжувањето на нејзиниот 180-дневен мандат како вршител на должноста лидер.

Владата на Родригез, беше широко критикувана за  бавна и неорганизирана рекација во справувањето со последиците.

Следниот ден, државата беше милитаризирана токму за да се ограничи пристапот и да им се дозволи на специјалистите за пребарување и спасување да ја извршуваат својата работа. Првиот медиумски наратив измислен во медиумите беше: „Секој треба да оди во Ла Гваира за да предизвика хаос, да ги попречи напорите за пребарување и спасување, исткна Родригез.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп со порака пред самитот: „Смешно“ е САД да го продолжат едностраниот однос со НАТО

Kristina Kuzmanovski

Сончево со мала до умерена облачност и ветровито – Временска прогноза за 4.7.2026

meteo

Португалија за влакно ја победи Хрватска, ВАР им поништи голови на Хрватите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе