Вести Македонија Топ вести

(Видео) Или „излезете од возилото“или „држете ја устата затворена“- туристи на пат кон Скопје бркани од автобус, го замолиле да не пуши цигари додека вози

Туристи кои од Охрид патувале за Скопје на социјалните мрежи објавија видео каде револтирано и во неверување пишуваат за недозволено однесување на возачат на автобусот во кој се превезувале и тие, но останати патници.

Во објавата стои дека возачот за време на патувањето пушел цигари во автобусот. Дури и откако пушел за време на паузите, тој продолжил да пуши цигари и внатре, полнејќи го возилото со чад од цигари, а воедно одбивал да го вклучи клима уредот. Неколку патници се чувствувале лошо и според пишувањата развиле силна главоболка и гадење.

-Кога учтиво го замоливме да престане да пуши и да го вклучи клима-уредот, тој стана агресивен, велејќи ни или „излезете од возилото“ или „држете ја устата затворена“, стои во објавата на еден од патниците.

Револтираните туристи ја исконтактирале и компанијата каде што бил вработен возачот на автобусот, но оттаму добиле одговор дека на нив како туристи не им било дозволено да го замолат да престане да пуши цигари.

  • За да биде уште полошо, претставникот на компанијата со кој бевме принудени да разговараме всушност го бранеше однесувањето на возачот, велејќи: „Знаеме дека пуши во возилото. Не ви е дозволено да го замолите да престане да пуши“. Тој одговор е повеќе од шокантен. Наместо да ги заштитат патниците, тие го бранеа опасното и непрофесионално однесување, пишува во објавата на Фејсбук.  Телма се обиде да стапи во контакт со „Македонија Сообраќај“ кои се одговрни за превозот и на која се  жалат и туристите, но оттаму не упатија прашањата да ги пратиме електронски за да добиеме одговор.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе биде погребан Владо Јаневски

Kristina Kuzmanovski

Со презентација на докази за ДПИ, продолжува судењето за „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

Иран, САД и Либан ќе формираат „заеднички комитет“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе