Вести Македонија Топ вести

Српскиот претседател Вучиќ објави дека разговарал со Сиљановска-Давкова: Посилно поврзување во областите од заеднички интерес

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи објави дека има телефонски разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на кој ја потврдиле подготвеноста за натамошно унапредување на билатералната соработка и добрососедските односи меѓу двете земји.

Содржинскиот разговор со Гордана Сиљановска-Давкова потврди дека меѓу нашите земји постои подготвеност да продолжиме да ги развиваме блиските и пријателски односи. Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно унапредување на соработката и можностите за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес, напиша Вучиќ на Инстаграм.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска ќе биде погребан Владо Јаневски

Kristina Kuzmanovski

Со презентација на докази за ДПИ, продолжува судењето за „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Или „излезете од возилото“или „држете ја устата затворена“- туристи на пат кон Скопје бркани од автобус, го замолиле да не пуши цигари додека вози

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе