Вести Свет Топ вести

Се помалку време за пронаоѓање преживеани во земјотресот во Венецуела

Сè повеќе спасувачки тимови од странство пристигнуваат во Венецуела, но надежите за пронаоѓање преживеани по двата последователни разорни земјотреси минатата среда сè повеќе се намалуваат.

Властите соопштија дека бројот на загинати се зголемил на 1.450 лица, но стравувањата се дека овие бројки ќе продолжат драматично да растат.

На неофицијалната веб-страницата за исчезнати лица во земјотресите пријавени се над 46.000 луѓе, чии членови на семејствата не успеале да ги контактираат минатиот период.

Веднаш по двата земјотреси, Американскиот геолошки институт процени дека можниот број на жртви најверојатно ќе биде меѓу 10 000 и 100.000 луѓе, додека властите во Каракас засега не сакаат да соопштат проценка за можниот конечен број на загинати.

Иако со секој изминат час се намалува веројатноста да се пронајдат луѓе живи, спасувачите минатите денови продолжија да извлекуваат неколку преживеани луѓе од огромните купишта урнатини, давајќи им на вознемирените семејства мала трошка надеж.

„Се наоѓаме во градот Ла Гуаира, на само неколку часа до навршувањето на 96 часа откако државата беше погодена од двата земјотреси во средата, кои срамнија со земја десетици и десетици згради, не само во Ла Гуаира, туку и во многу делови на Венецуела. Она што го гледаме зад мене се спасувачи, главно од други земји, како и десетици Венецуелци кои работат што е можно побрзо за да ги пронајдат своите најблиски“ – вели Џина Гарсија Кано, репортерка од Асошијејтед Прес.

Првите 48 до 72 часа по секоја природна катастрофа се од клучно значење за спасувачките операции, иако шансите за преживување на луѓето под урнатините можат да се продолжат доколку луѓето имаат пристап до храна и вода.

Во Венецуела постојано се зголемува и присуството на меѓународните спасувачи.

„Бројот на меѓународни делегации што пристигнуваат постојано се зголемува и ние сме им благодарни сега, а ќе им бидеме благодарни и во иднина. Досега пристигнаа 2.624 странски спасувачи, 137 кучиња кои имаат исклучително важна улога во потрагата по преживеани под урнатините, 49 возила за поддршка, како и 84,4 метрички тони опрема, лекови и хируршки материјали што ги донесоа меѓународните делегации. Сите ги пречекавме со благодарност и со широко отворени раце“ – изјави претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез.

Најголем број од преживеани лица по ваквите природни катастрофи вообичаено се пронаоѓаат во временскиот период од 96 часа од нивното случување а тој рок истече во неделата навечер.

Спасувачите сега пред се се надеваат на „чудесни спасувања“.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сега е моментот за проширување и да сум на ваше место би ја искористил оваа можност, литванскиот министер за надворешни работи со порака до Македонија

Дејан Дејан

Десетици цивили убиени во пакистански воздушни напади во Авганистан

Дејан Дејан

Милошоски контра Левица: Одбиваат да се потпишат како ко-предлагачи на Изборниот законик иако се прифати нивниот предлог за распредeлба на буџетски пари до партиите

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе