По барање на јавното обвинителство беа спроведени дополнителни ревизии на останатите друштва за приредување на игри на среќа во кои државата е доминантен сопственик, тоа се друштва во кои државата има 51 процент во нивната сопственост и констатиравме состојби кои што се слични на работењето на Државна лотарија, рече Максим Ацевски, главен државен ревизор, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Навистина треба да се запрашаме, во услови кога граѓаните чекаат за одредени услуги, во услови кога граѓаните чекаат за одредени медикаменти да бидат ставени на позитивна листа, во услови кога имаме граѓани, и покрај тоа што е проширена листата на лекови за ретки болести, ние да даваме средства за донации и спонзорства на одредени правни субјекти кои што немаат или имаат многу мал продонес во општеството, мислам дека треба да се запрашаме дали, како доминантен сопственик, сме донеле вистина одлука во тоа дадено време“, рече Ацевски.
С.Д.
