Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека низ Ормускиот Теснец вчера поминале бродови со рекордни 19 милиони барели нафта. Во објава на социјалната мрежа Трут соушл (Truth Social), тој го нагласи и значењето на падот на цените на нафтата.
„Вчера низ Ормускиот Теснец поминаа 19 милиони барели нафта, рекордно количество во историјата. Цените на нафтата паѓаат, а светот е многу побезбедно место“, напиша Трамп.
Цените на нафтата вчера се намалија за повеќе од три проценти и паднаа под 80 долари за барел, по информациите за напредок во преговорите меѓу САД и Иран за постигнување конечен мировен договор и постепено обновување на испораките преку Ормуската Теснина.
Во меѓувреме, американското Министерство за финансии издаде општа лиценца со која се дозволуваат производството, испораката и продажбата на сурова нафта, како и на петрохемиски и нафтени производи со иранско потекло до 21 август.
Согласно меморандумот за разбирање потпишан минатата недела меѓу Вашингтон и Техеран, САД се согласиле да го дозволат извозот на иранска сурова нафта, нафтени производи и нивни деривати, како и на сите поврзани услуги, вклучително и банкарските трансакции, осигурувањето и транспортот.
