Вести Македонија

Вишиот управен суд ја поништи одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица – се отвора ново поглавје во спорот за проектот на „Евромакс Ресорсис“

Вишиот управен суд ја поништи одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица, со што се отвора ново поглавје во долгогодишниот спор околу проектот на „Евромакс Ресорсис“.

За пресудата денеска беше информирана Владата од страна на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, при што беше посочено дека станува збор за конечна судска одлука која институциите се должни да ја почитуваат.

Од Владата нагласуваат дека случајот е наследен од претходни одлуки донесени во 2023 година, кога во јуни беше донесена одлука за спојување на концесиите, а само еден месец подоцна беше донесена одлука за нивен престанок. По тие одлуки беше поведена судска постапка, која заврши со пресуда на Вишиот управен суд.

Владата соопшти дека е свесна за загриженоста на дел од граѓаните, локалното население и граѓанските организации поврзана со проектот Иловица и најави дека сите натамошни чекори ќе се преземаат транспарентно, врз основа на стручни анализи, законските процедури и институционалните надлежности.

„Наш приоритет останува создавање услови за економски раст, нови инвестиции и отворање работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почитувањето на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи, велат од Владата.

Оттаму уверуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за секое понатамошно постапување во предметот.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе