Премиерот Христијан Мицкоски рече дека очекува денеска да поевтинат горивата – бензините меѓу 2,5 до 3 денари, а 7 денари да поевтини дизелот по литар.
Тој рече дека ова се математиките на Владата, а треба да се види кои се пресметките на Регулаторната комисија.
На прашање дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи, Мицкоски најави дека ќе има средба со дистрибутери, трговци и маркети и ќе им порача дека „кризата заврши“.
Пораката според Мицкоски ќе биде дека граѓаните биле толерантни, сега е на ред тие да им се оддолжат и веднаш да ги намалат цените на производите, посебно на основните прехранбени производи.
Ако тоа не се случи, Мицкоски рече дека Владата има механизми на поинаков начин тоа да го спроведат – нема да се прифатат оправдувања.
