Вести Македонија Топ вести

Пет лица се повредени во судир на три возила на излез од Прилеп

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествувале три возила што се случи вчера попладнето на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп

Повредените се хоспитализирани во прилепската градска болница, каде им се укажува медицинска помош.

-На 21.06.2026 од 15:45 часот на патот Прилеп – Битола, на излезот од Прилеп се случи сообраќајна незгода. Учесници во незгодата се три возила со пет повредени лица кои се упатени во Градска болница „Борка Талески“ во Прилеп, наведуваат од МВР.

Поради сообраќајката сообраќајот се одвиваше наизменично по една сообраќајна лента.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Силјановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе