Вести Македонија Топ вести

Врховен работи со преполовен број на судии – нема пари, а вработените го тужат

Врховниот суд нема доволно судии, нема пари а од друга страна вработените го тужат за околу 70 илјади евра. Во забелешките запишани во извештајот на државниот ревизор за највисокиот суд во земјава се вели дека судот работи со половина од потребните судии, предвидени се 28 места заедно со претседателот на судот, а до крајот на 2024 годинаимало само 11 судии. Следната година нивниот број се зголемил за 14. И покрај ова бројот на решени предмети е зголемен.

  • Државен ревизор: Со извршената анализа на бројот на решени предмети ревизијата утврди позитивен тренд на зголемување на бројот на решени предмети во последните години односно во континуитет се намалува бројот на нерешени предмети на крај на годината. Напоменуваме дека е неопходно пополнување на испразнетите судиски места.

Ревизијата утврдила дека судот се јавува како тужена страна врз основа на тужби од вработени по основ на надоместоци и права од работен однос. Од друга страна пак има забелешки на начинот на оценување на администрацијата и полициските судски службеници.

Нема назначено човек одговорен за администрацијата но ниту обрасци на која ќе биде оценувана.

Од друга страна полицијата ги надминала законските ограничувања за прекувремена работа поради недостиг на кадар.

  • Државен ревизор: Од страна на Министерството за правда со допис доставено до Судски буџетски совет побарани се податоци за преземање на професионални војници со навршени 45 години возраст и истиот е доставен до Врховен суд. Командирот на судската полиција информира дека обезбедувањето во судот се врши непрекинато 24 (дваесет и четири) часа, согласно планот за обезбедување на судот и дека бројната состојба на кадровската екипираност на припадниците на судската полиција во судот е непроменета од 2018 година и истиот е во доволен број и со соодветна подготвеност за да одговори на сите предизвици во извршување на тековните работни задачи.

Ревизорите запишале и дека буџетот за судската власт кој го донел собранието бил за 63 проценти помал од законски утврдениот, а со ребаланс би и дополнително намален.

Со тоа се создал ризик од непречено стабилно и долгорочно финансирање на судската власт, обезбедување на уставната и законски предвидената независност и самостојност, како и забавување на планираните реформи во судската власт.

Билјана Николовска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување

Дејан Дејан

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволни од предложените законски решенија

Дејан Дејан

„Без мене Израел нема да постои“, Трамп се погласен во критиките против Нетанјаху

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе