Вести Македонија Топ вести

„Не поседувала хациенда со базен“ – Славјанка Петровска ја доби тужбата за клевета против Драган Ковачки

Пратеничката на СДСМ, поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска ја доби првостепената пресуда со која е утврдено дека пратеникот Драган Ковачки извршил навреда и клевета, тврдејќи дека таа поседува непријавен имот.

Пред три години на неколку прес-конференции, тогашниот, а и сегашен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ Драган Ковачки, јавно ја обвинуваше Петровска дека поседува имот, хациенда со базен, којшто не го пријавила согласно Законот за спречување на корупцијата.

  • „Тогаш, најодговорно тврдев дека не поседувам скриен имот и посочениот имот никогаш не бил мој. Но, упорно и континуирано се ширеа лаги и дезинформации, со една единствена цел да се нарушат мојот углед и чест. Иако имаше многу обиди од страна на пратеникот Ковачки да ги одолговлекува судењата, сепак вистината победи“, напиша пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска на социјалните мрежи.

Таа со јавноста сподели дека на седница одржана на 23.04.2026 година, Апелациониот суд Скопје ја потврди првостепената одлука за изречена клевета и навреда.

  • „Ова е уште едно демаскирање на лагите со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. Лаги, конструкции и политички напади, тоа беше нивната алатка тогаш, а тоа е нивната алатка и денес. Но, вистината има една предност- може да биде напаѓана, одложувана и извртувана, но на крајот сепак излегува на виделина. Како што дошле со лаги, така и ќе си заминат кога граѓаните ќе одлучат,“ пишува пратеничката на СДСМ, Петровска.

Како што стои во судската пресуда Петровска се откажува и од надоместокот на штета од 610.000 денари. Ковачки е задолжен во рок од 15 дена да и плати 8.000 денари за трошоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јотова имала „вознемирувачки сигнали“ дека еден од амандманите од нацрт-извештајот за Македонија може да не го помине филтерот на европратениците

Дејан Дејан

Сточарите од Делчевско излегуваат на протест – Млекото нема да се истура на улица, туку ќе го подаруваат на случајни минувачи

Дејан Дејан

Усје бара нова дозвола со стари параметри за загадување -велат невладините и најавуваат нов протест

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе