Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Штипјанецот кој се обидуваше да ја спаси викендицата од пожар има изгореници на нозете и рацете

Шеесет и девет годишниот штипјанец, кој вчера се обиде да си ја спаси викендицата од огнените јазици се здобил со изгореници од втор степен на потколениците и на левата рака. Од штипска Клиничка болница информираат дека е неговата состојба е стабилна и е подобар, но поради изгорениците и вдишаниот чад останува под лекарски надзор.

„Два часа гореше. Јас отидов со мотор, човекот беше внатре. Почна кровот да горе. Влеговме внатре и едвај жив го извадивме. Човекот фрлаше со кофи вода“, рече Методи Јованов жител на Штип,

Според информациите од Противпожарната единица во Штип штети има на една викенд куќа, а од огнената стихија навреме се спасени пет викендици, лозови и овошни насади и борова шума. Пожарникарите денеска биле во обиколка во пет наврати и како што вели пожарникарот Дарко Коцев нема никакво чадење на теренот, каде што вчера по 14 часот започна огнената стихија, за која што очевидци тврдат дека е предизвикана од пироман.

Постојано правиме контрола на теренот, каде што вчера беше пожарот. Колкава површина е зафатена не можеме со сигурност да утврдиме, бидејќи станува збор за скриен терен со долови и ридови, вели Коцев.

За овој пожар се уште не се знае што точно го има придизвикано. Но, на неколку километри од Штип во карбинското село Долни Балван полицијата од слобода го лишила 25 годишниот Б.С, кој вчера бил затекнат како пали сува трева помеѓу пат и нива. Против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Дали „Безбеден град“ ги дава првите резултати: Сообраќајните незгоди намалени до 26%, брзината останува најголем „убиец“ на патиштата

Дејан Дејан

Елон Маск стана првиот човек на планетата кој „вреди“ 1 000 000 000 000 долари

Дејан Дејан

Нова авиолинија и карго железничкото поврзување на Македонија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе