Вести Македонија Најважни

Марта Кос во јули во Скопје- Дали новата дипломатска офанзива ќе донесе придвижување во односите Скопје – Брисел

Европската дипломатска активност за Македонија продолжува со засилено темпо. По посетата на Антонио Кошта и средбите на македонскиот државен врв со европските лидери, во Скопје на почетокот на јули доаѓа и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Посетата се поврзува со датумите од 7 – 10 јули, но засега извори за Телма од МНР и делегацијата на ЕУ во земјава велат дека посетата е најавена и очекувана, но точниот датум и агендата допрва ќе се утврдуваат.

Посетата се случува во период кога повторно се отвораат прашањата за деблокада на евроинтеграциите, пред и по одржувањето на самитот на Западен Балкан во Тиват.

Наспроти сигналите од унијата преку новиот Нон-пејпер за внесување на одрeдени зeмји чекор по чекор лиферуван од Мерц и Маркон владата останува на ставот дека уставни измени нема без јасни гаранции од Европската Унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Елон Маск стана првиот човек на планетата кој „вреди“ 1 000 000 000 000 долари

Дејан Дејан

Нова авиолинија и карго железничкото поврзување на Македонија и Турција

Дејан Дејан

Социјалните мрежи „Инстаграм“, „Фејсбук“ и „Вотсап“ не фукционираат – до кога не се знае

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе