Семејството на, Стивен Огилви, жртвата на нападот со нож во понеделникот вечерта во Белфаст, оцени дека „немирите и хаосот не се добредојдени и дека мирниот протест е единствениот пат напред“.
Полицијата соопшти дека денес во градот ќе има зголемено полициско присуство по синоќешното анти-имиграциско насилство, додека јавниот превоз ќе го прекине сообраќајот порано од вообичаено.
Според полицијата на Северна Ирска, две лица се обвинети во врска со инцидентите на протестите во Северна Ирска, а полицијата предупреди дека ќе следуваат уште апсења и обвиненија.
Сопственикот на турска берберница која била цел на напад за време на немирите во Баликлер изјави дека е „длабоко натажен“, додека жител на источен Белфаст раскажа како го гледал својот дом како гори, додавајќи: „Тоа е чувство кое никогаш нема да го преболам“.
Според информациите, Стивен Огилви го загубил левото око, има оштетување на десното око и се здобил со повреди на вратот и грбот по нападот со нож во понеделникот.
Осомничениот, Хади Алодид, е задржан во притвор четири недели.
Тој е обвинет за обид за убиство, закани за убиство кон радиограф во здравствена институција и поседување нож.
Полицијата претходно соопшти дека осомничениот е 30-годишен маж од Судан. Тој влегол во Обединетото Кралство во 2023-тата година и добил статус на бегалец.
