Вести Македонија Најважни

Затворскиот предмет на Стевче Јакимовски во Кривичен суд

За привремената општинска барака, за чија изградба, Јакимовски доби правосилна едногодишна затворска казна, еден од клучните докази дека станува збор за дивоградба односно за бесправно градење е барањето за легализација, за кое одбраната на поранешниот градоначалник на Карпош тврди дека е фалсификат.

Вештакот на обвинителството утврдил дека објектите изградени во училишен двор се монтажни објекти за сместување на општинска администрација, имала  метални столбови, гипс картон и кров од пластифициран лим. Но, документите покажале измени на ДУП и барање за легализација, што според двата суда покажува бесправно градење.

  • Одлука на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25: Судот правилно ја утврдил фактичката состојба кога нашол дека во временскиот период од 2012 година до 2013 година , обвинетиот како службено лице Градоначалник на правно лице, како инвеститор, во име и за сметка на правното лице, без Одобрение за градење, спротивно на чл.56 и 57 ст.2 и чл.63 од Законот за градење, изградил деловен објект – административен објект за кој на 31.03.2016. година поднел Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење.

Од друга страна, адвокатите пак тврдат дека барањето за легализација не е заведено во општинската евиденција, а графолог утврдил дека тоа воопшто не е потпишано од осудениот Јакимовски.

  • Одлука на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25: Со својот наод потврдил дека ракописот во барањето за легализација не е потполнето од страна на обвинетиот С. Ј., а при анализа на документацијата е констатирано дека ова Барање во писмена форма воопшто не евидентира во електронска архива, што Општината ја води непрекинато од 2011. година. Без електронска евиденција, дури и нема важност при постапката за легализација, но судот овој факт не го зел воопшто во предвид, туку напротив, Барањето кое што е фалсификат го зема како материјален доказ.

Апелација пресуди и потврди едногодишна затворска казна од која 5 месеци веќе се одлежани во притвор, а Јакимовски оцени дека пресудата е политичка за да се спречи негово кандидирање на евентуални избори поради отсуството на актуелниот Сотир Лукровски.

Јакимовски најави и постапка пред Врховен суд, но пресудата веќе е распределена на судија за извршување на санкции кој во рок од 30 дена треба да му достави упатен акт за издржување на казната во Шутка.

Миомир Серафиновиќ

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загинаа 13 лица откако Пакистан го нападна Авганистан

Дејан Дејан

Во израелски воздушни напади во Јужен Либан убиени 17 лица

Дејан Дејан

Започна исплатата на социјална помош по најавата дека ќе доцни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе