Вести Економија Македонија

Банките лани заработија 304 милиони евра, а 118 милиони од нив се од нето провизии

Само од нето провизии банките во Македонија лани остварија вкупна добивка над 118 милиони евра, покажуваат податоците од извештајот на Народната банка. Тој износ е поголем за 3 милиони евра споредено со 2024 година, што претставува раст од 2,7%.

Што се однесува до вкупните профити на банките, тие во 2025 година изнесуваат скоро 304 милиони евра, односно за 21 милион евра повеќе од 2024 година, што е раст од 7,5%. Тоа значи дека повеќе од третина од добивката е остварена по основ на нето провизиите.

Во земјава функционираат 12 банки, а дел од нив најавија дека во наредниот период ќе ги зголемат провизиите што ги наплаќаат од своите клиенти за одредени банкарски услуги. Тоа предизвика реакции во јавноста.

Гувернерот Трајко Славески преку објава на социјалните мрежи посочи дека тоа се услуги што граѓаните и фирмите секојдневно ги користат и оттука прашањето за висината на надоместоците, според него, заслужува поширока јавна дебата.

Народната банка во моментот нема законска надлежност директно да ги регулира надоместоците што ги наплаќаат банките. Сепак, актуелните случувања покажуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за дополнување на законската рамка по примерот на повеќе европски земји во кои постојат механизми за заштита на корисниците и обезбедување фер и предвидливи услови за користење на платежните услуги“, напиша Славески.

На тоа одговори министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, која рече дека надоместоците и провизиите што банките ги наплаќаат за услугите што ги нудат не се материја којашто се регулира со закон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се намалуваат цените на ПАП и ХПВ-тестовите

Дејан Дејан

Затворскиот предмет на Стевче Јакимовски во Кривичен суд

meteo

Судски совет остана без еден член, Црвенковска замина во пензија шест месеци пред да и заврши мандатот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе