Вести Економија Топ вести

Министерство за финансии: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, рeализирани 92% од вкупните средства

Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании.

  • Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра.

Ова претставува 92% реализација на кредитната линија што ја обезбеди Владата од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години, соопштуваат од Министерството за финансии.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците да кажат „не“ на Закон за игри на среќа, бидејќи 10.000 вработени се соочуваат со губење на работата, алармираат од Асоцијацијата на обложувалници

meteo

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Како идеологијата доаѓа до граѓаните?- претставата „Носорози“ на Албански театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе