Uncategorized Вести Македонија

Комеморативен и хуманитарен настан во Кочани – парите ќе се наменат за изградба на „Патека на бесконечноста за 63 ангели“

Здружението на хумани граѓани „Јорданчо Џамов“  организира хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ , кој ќе се одржи на 15 јуни во Градскиот пар во Кочани.

 

 

Настанот како што најавуваат организаторите има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за: изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ и помош и поддршка за семејства од ранливи категории.

На предлог на „Здружението на граѓани 16 март 2025“,  Советот на општина Кочани на седницата одржана на 31 јануари, едногласно донесе одлука да се  изгради и уреди спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63 ангели“, за трајно сеќавање на починатите. .

На хуманитарниот настан ќе се одржи модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и ќе има биде оргганизирана продажба на фустани, а сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на хуманитарната цел на настанот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците да кажат „не“ на Закон за игри на среќа, бидејќи 10.000 вработени се соочуваат со губење на работата, алармираат од Асоцијацијата на обложувалници

meteo

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Како идеологијата доаѓа до граѓаните?- претставата „Носорози“ на Албански театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе