Вести Македонија Најважни

Невладините алармираат дека Исмаил Синани, кандидат за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација нема искуство и има спорни ставови за ЛГБТ и феминизмот

Мрежата за заштита од дискриминација бара Собранието да не ги користи како демократски декор, поради тоа што повторно бира по непознати критериуми, и предлага член кој не дели никаква вредност со она што треба да го брани. Реакцијата на мрежата доаѓа откако Собранието на 4-ти јуни во постапката за избор на член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата го предложи Исмаил Синани за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Станува збор за кандидат кој, според биографијата доставена во неговата пријава не го исполнува законскиот услов да има минимум седум години работно искуство од областа на човековите права од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација. Во биографијата на предложениот кандидат не може да се идентификува непосредно професионално искуство во областа на заштита од дискриминација. Како релевантно искуство се наведуваат соработка со граѓански организации во својство на новинар, медиумски содржини и учество на настани поврзани со родови прашања во медиумите“, стои во реакцијата на Мрежата за заштита од дискриминација.

Минатата недела невладината организација „Молекуќа“ објави извадоци од колумни на Исмаил Синани кои се во спротивност со ставовите и гледиштата што би требало да ги има иден член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Дали гледаме дека либерално-ЛГБТ концептот тешко го оштети албанското семејно ткиво, нанесувајќи ни непоправлива демографска штета?“ стои во објавата на „Молекуќа“, кој е запис како дел од колумна кој Синани ја има објавено за албански медиум на албански јазик.

Дополнително тој во своите колумни пишувал и „Значи сакаат човек без татко, без мајка, без брат, без сестра, без деца… без постојан дом, без ова без она… без пол, со повеќе полови, асексуален, суперсексуален… сакаат човек кој целосно ќе дејствува против хромозомите што ги има во своето тело, против хормоните што му ги лачи телото. Сакаат едно ништо, сакаат една празнина, сакаат нешто што го прави човекот животно и хуманоид“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CEO Mollëkuqja (@ceo.mollekuqja)

Невладината „Молекуќа“ дополнително објави и дека Синани пишувал дека ако се оспорувале феминизмот, оплодување на деца без “адреса на таткото“, промовирање на “хомосексуализмост“ веднаш се препишувале како антиевропски и антизападни еретици. Додека феминизмот според Синани од неговите објавени текстови се толкува како револуција која е изродена во Франција и истата го поместила човекот од неговата природност, со тоа што преку слободата имало намера “жените да ги направи помажи“.

Според членот 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација „се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло, национална или етничка припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија, или верско уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа“. Во однос на членот Мрежата за заштита од дискриминација и невладината „Молекуќа“, но и други невладини организации предупредија дека, ако Исмаил Синани биде изберен тоа ќе биде во спротивност со начелата кој би требало да ги застапува.

Телма го исконтактира Исмаил Синани со цел да побара негов став, но до објавување на овој текст не добивме одговор.  Во извештајот на Комисијата која заседавала на 4-ти јуни од пријавени 11 кандидати осум од нив ги исполниле условите, од кои двајца не присуствувале да ја презентираат својата кандидатура, додека шест од нив меѓу кои и Синани ја презентирал.

Инаку ова е трет избор за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација откако вториот беше поништен поради недоволно пријавени квалификувани кандидати, а првиот неуспешен кога за член требаше да биде изберена Џихан Ахмед која немаше доволно познавање за Истанбулската конвенција.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Како идеологијата доаѓа до граѓаните?- претставата „Носорози“ на Албански театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

meteo

Уапсен велешанецот кој се обиде да ограби црква па и побегна на полицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе