Вести Економија

„Очекувам ЕВН да продолжи со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата“, вели Ацо Ристов, претседател на РКЕ

Поминати се времињата кога енергетиката значеше само производител, пренос и потрошувач. Сега имаме динамичен систем во којшто сите треба да вложиме максимален напор за да го одржиме и да обезбедиме стабилна испорака на електрична енергија за граѓаните“ – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), кој заедно со членовите на комисијата одржа состанок со менаџментот на ЕВН Македонија.

  • „Ние сме дел од сектор во којшто e неопходен стратешки пристап и клучно е да се делува година дена однапред, затоа што процесите се динамични. Очекувам да продолжите со инвестициите што ќе значат подигнување на квалитетот на услугата на граѓаните. Во претстојниот период ќе имаме многу предизвици за да се подготвиме за поврзување на домашниот со европскиот пазар“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

Фер пристап кон потрошувачите и поддршка на инвестициите е принципот врз основа на кој регулаторот ќе продолжи да делува низ соработката со ЕВН Македонија.

„Во овие 20 години во коишто ЕВН Македонија е активна на нашиот пазар се случија доста промени, како во техничка смисла, така и во делот со унапредување на услугите. Сега сме веќе дојдени во фазата каде што дигитализацијата и вештачката интелигенција ќе не водат понатаму.“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи кој повеќе од два месеца не доаѓаше на работа

meteo

Како идеологијата доаѓа до граѓаните?- претставата „Носорози“ на Албански театар на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

meteo

Уапсен велешанецот кој се обиде да ограби црква па и побегна на полицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе