Балкан Вести Свет

ЕУ ја предупредува Албанија за проектот поврзан со зетот на Трамп, Кушнер

Европската комисија  ја предупреди Албанија да не презема никакви мерки што би можеле да влијаат на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, по протестите во земјата поради изградбата на луксузно одморалиште во заштитено подрачје, поврзано со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Комисијата предупреди дека изградбата на одморалиштето би можела да ја доведе Албанија во конфликт со прописите на ЕУ за животна средина, со што би се загрозила можноста да го затвори зеленото Поглавје 27 во преговорите за пристапување, објави Политико.

Албанија треба да се воздржи од какви било мерки што би можеле да го загрозат исполнувањето на конечните критериуми и очекуваме албанските власти да дејствуваат без одложување. Во процесот на пристапување во ЕУ, како дел од конечните критериуми за преговорите за Поглавје 27 за животна средина и климатски промени, се очекува Албанија целосно да се усогласи со законодавството на ЕУ во оваа област, вклучително и Директивите за птици и живеалишта, изјави портпарол на Европската комисија за Политико.

Тој ја повика Албанија да ги укине измените на Законот за заштитени подрачја и да го „укине“ законот за стратешки инвестиции.

Портпаролот, исто така, рече дека албанскиот министер за животна средина, Софјан Јаупај, ја информирал Европската комисија во Брисел дека изградбата на одморалиштето е запрена и дека ќе се спроведе проценка на влијанието врз животната средина со граѓанското општество.

Веќе му ја изразивме нашата загриженост на министерот за животна средина за потенцијалните недостатоци на овој проект, рече портпаролот.

Од другстрана министерството за животна средина на Албанија ги демантира вестите што кружат во медиумите во врска со туристичкиот проект во областа Зврнец, дека министерот Софјан Јаупај ја информирал Европската комисија дека овој проект е стопиран.

-За време на онлајн состанокот на 26 мај со претставници на Европската комисија, министерот Јаупај ја информираше Комисијата дека во моментов нема конечно одобрен проект и дека нема проект во изградба, се наведува во соопштението на  Министерството за животна средина.

Се додава дека министерот за животна средина ја повторил посветеноста на Албанија да гарантира “секој потенцијален развоен проект да биде предмет на целосна и одговорна проценка на влијанието врз животната средина спроведена со целосна транспарентност и јавни консултации”.

Албанија останува целосно посветена на процесот на членство во ЕУ. Како дел од критериумите од Поглавје 27 за животна средина и климатски промени, Албанија треба да постигне целосно усогласување со законодавството на ЕУ за животна средина. Владата останува решена да ги почитува и спроведува овие обврски, се наведува во соопштението.

Медиумите претходно пренесоа дека Европската комисија ја предупредила Албанија дека споменатиот проект во заштитеното подрачје Вјоса-Нарта, кој се поврзува Џаред Кушнер.

Протестите во Албанија, наречени „Фламинго револуција“ по фламингата што живеат во заштитеното подрачје,  се интензивираа во текот на викендот, со повици за оставка на премиерот Еди Рама.

(Видео) Граѓаните на нозе против проектот на зетот на Трамп во Албанија, Рама вели ќе донесе профит

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се допреле со ретровизорите, па го чекале во грмушки и пукале кон него – двајца браќа во Шишево осомничени за обид за убиство

Дејан Дејан

Екс директор на Национални шуми продавал дрвна маса по цени пониски од важечкиот ценовник

Дејан Дејан

„Бизнис објектив“: Од мал погон до голем извозник – успешна приказна на македонска фабрика

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе