Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје го одржува 32-иот Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети.
Според СДСМ, Конгресот ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на партијата, Венко Филипче.
Потоа ќе започне работниот дел, во кој делегатите ќе работат во групи организирани по шест програмски столбови. Во тие рамки ќе се разгледуваат и доработуваат документите кои на крајот ќе бидат предложени за усвојување во нивната финална верзија.
