По редовните избори во февруари и предвремените парламентарни избори лани од декември, граѓаните на Косово денеска се повторно на гласачките места.
Трет пат за помалку од година и половина, ќе гласаат за новиот состав на Парламентот, откако пратениците не успеаја во предвидениот рок да го изберат новиот шеф на државата.
Граѓаните избираат меѓу 21 политички субјект од кои три коалиции, 17 политички партии и еден независен кандидат. Право на глас имаат вкупно 2 092 174 избирачи. Од нив, 1 959 962 ќе можат да гласаат на избирачките места во Косово, додека 132 212 граѓани се регистрирани за гласање во странство.
Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово, на вчерашното гласање во 30 дипломатски мисии на Косово во европските земји и во САД и Канада, излезноста беше 80,85 проценти.
