Вести Култура Македонија Топ вести

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Со проекција на документарен филм за почетоците, развојот и значењето на фестивалот „ Војдан Чернодрински “, со доделување на благодарници на значајни личности за неговиот опстој и со врачување на наградите за животно дело, започна 60-тото јубилејно издание на нашиот најголем  театарски фестивал, посветен на афирмацијата и вреднувањето на македонската драма.

Наградени за животно дела беа актерите и педагози Атила Клинче и  Веби Керими, режисерот Сашо Миленковски и поранешниот директор на Театарот за деца и младинци, Љубомир Чадиковски.

„Ова е награда за животно дело. Тогаш дозволете да кажам, делото не завршува со награда. Се додека има сцена, додека има публика, додека има деца што веруваат во приказни, театарот продолжува да живее. Ви благодарам од срце!“ – изјави Чадиковски.

Како покровител, фестивалот го отвори претседателката Гордана Силјановска- Давкова, истакнувајќи дека театарот е ретко место каде што човекот доброволно се соочува со вистината.

„Од античката аристотеловска катарза со која се соочува човештвото денес, преку шекспировото драмско огледало до чернодринскиот фестивал, театарот останува ретко место каде што човекот доброволно, вклучувајќи ме и мене, се соочува со вистината. Во трагедијата ја чувствуваме тежината на изборот, во комедијата се чудиме и се смееме на сопствените слабости, во драмата ги препознаваме човечките премрежја, во гротеската се соочуваме со нашите, човечки парадокси“ – изјави претседателката Силјановска-Давкова.

Пред присутните  се обрати и министерот за култура и туризам,  Зоран Љутков.

Тој кажа дека од независноста наваму објектот на прилепскиот театар „ Војдан Чернодрински“ бил оставен на забот на времето и на негрижата.

За вработените во него, кои од лани во март поради безбедносни причини не работат таму, туку во Центарот за култура „ Цепенков“, Љутков најави дека проектот за реконструкција на објектот е направен.

„Проектот за целосна реконструкција на театарот „ Војдан Чернодрински“ во Прилеп е подготвен и ќе го реализираме. Не како политичко ветување, туку како долг кон генерациите уметници што ја создаваа историјата на овој театар и кон генерациите што допрва ќе ја создаваат неговата иднина“ – рече министерот Љутков.

Прва изведена претстава во натпреварувачката програма сношти беше „ Мачкина глава“ на Драмскиот театар од Скопје.

Ова е постмодерна драма, напишана од Венко Андоновски како рециклажа на текстот „ Диво месо “ од Горан Стефановски.

Претставата ја постави режисерот Дејан Пројковски, кој вели дека е таа е обид да се дефинира метафората за дивото месо, денес.

„Мачкината глава е всушност стравот во секој човек што го спречува да полета, стравот од авторитетот, стравот од моралните норми, од општествените норми, стравот од утре да биде подобро“ – рече режисерот Дејан Пројковски.

За претставата денеска се одржа тркалезна маса на фестивалот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Над 14.500 ученици го започнаа полагањето на државната матура – учениците бираат меѓу странски јазик, математика или историја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе