Вести Македонија Најважни

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Од  Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста во текот имплеметацијата на  ново софтверско решение со кое се врши модернизација  на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа се појавиле  непредвидени работи поради кои ќе доцни исплатата на социјалната помош.

Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Во процесот на техничко усогласување и миграција на податоците се појавија одредени непредвидени предизвици, кои предизвикаа пролонгирање на обработката на податоците и, следствено, доцнење на исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за неколку дена.

Од таму уверуваат дека исплатата ќе биде веднаш реализирана по завршување на техничките усогласувања, без да се наведе во дописот кога би можело да се случи тоа.

Ги замолуваат граѓаните од оваа категорија за разбирање и трпение.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Британскиот премиер Стармер, без да го именува Џ.Д Венс, ги критикуваше „луѓето кои се мешаат во нашата демократија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе