Вести Македонија

„Талир два“ за седиште на ВМРО ДПМНЕ во завршна фаза и во трка со времето- во август застарува

Судењето за Талир два за за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ  на ВМРО ДПМНЕ влезе во фаза на завршни зборови. Обивнителот Кристијан Смилевски во завршниот збор побарал судијката да изрече  осудителна пресуда за екс прмиерот Никола Груевски и соодветна санкција со оглед на тоа дека тој е веќе осудуван.

Тој за Телма рече дека побарал и одземање и конфискација на партиското седиште и другиот имот што веке е замрзнат. Предложил и да се укине забраната за отуѓување на земјиштето под партиската зграда затоа што тоа не е дел од обвинението.

На следното рочиште закажано за 11 јуни завршен збор треба да даде и адвокатот на Груевски кому му се суди во отсуство. По тоа следува пресуда.

Но овој предмет застарува на 31 август ако до тогаш нема првавосилна одлука од апелацвиониот суд. Претходно застаре гонењето за екс генералниот секретар Кирил Божиновски.

Инаку на почетокот на денешното рочиште имаше и дополнение на доказна постапка.

Одбраната побара како доказ да се користи мислење од Врховен суд кое тие го побарале на 3 ти јуни но се уште не е изготвено, како и да се направи супер вештачење за да се одговори на спорните прашања, бидејќи имало спротиставени мислења на вештите лица.

Обвинителот приговараше, а судот не го прифати барањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започнува 60. Јубилеен МТФ „ Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Мицкоски: Проширувањето е живо, а европските лидери го покажуваат тоа

Дејан Дејан

(фото)Повеќе од 330 основци учествуваа на церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе