Вести Свет Топ вести

Пленковиќ откри што бара Хрватска од црногорските власти да исполнат пред да станат членки на Унијата

Хрватскиот премиерот Андреј Пленковиќ по средбата со својот црногорски колега изјави дека Подгорица е подготвена многу сериозно да работи на отворените прашања меѓу двете земји, како што се прашањето за исчезнатите лица, обештетувањето на затворениците или имотно-правните прашања.

На маргините на Смиот во Тиват, Пленковиќ имаше билатерална средба со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ.

„Хрватска очекува решение за прашањето за обештетување на затворениците и пронаоѓање на 14 исчезнати од Татковинската војна, и дека Подгорица ќе продолжи со гонењето на воените злосторници“ рече Пленковиќ.

Тој истакна дека Загреб сака и решение за имотно-правните прашања на хрватските семејства кои останале без имот во Црна Гора, а чии судски постапки се заглавени.

Премиерот го спомена и прашањето за спомен-плочата во поранешниот логор Морињ, местото каде што хрватските затвореници биле малтретирани за време на Татковинската војна, како и потребата од промена на името на базенот во Котор кој го носи името на чуварот на тој логор.

Хрватска бара и разговори за границата, како и враќање на едрилицата „Јадран“, долга шеесет метри која бил регистрирана во  флотата на хрватските пристаништа до 1991 година, но во времето на војната била на поправка во Црна Гора, и оттогаш не ја вратиле.

Пленковиќ нагласи дека Црна Гора е таа што сака што поскоро да ги заврши преговорите со ЕУ и да влезе во унијата, што теоретски би можело да се случи до 2028 година доколку има политичка волја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што ќе значи новиот европски нон-пејпер за бугарските барања кон Македонија?

Дејан Дејан

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе