Вести Култура

Почина Хазарос Сурмејан, балетски уметник и кореограф

Почина Хазарос Сурмејан (1943–2026), македонски балетски уметник и кореограф, кој остави значаен белег во македонската и светската балетска уметност, соопштија од Нациналната опера и балет на нивниот Фб профил.
Хазарос Сурмејан (1943, Скопје – 2026, Торонто) изгради извонредна балетска кариера која траеше повеќе од пет децении. Своето образование и творечки пат ги започна во Македонија, а првиот професионален ангажман го оствари во Македонскиот народен театар (1958–1961). Во тој период остави забележителна трага со улогите на Бенволио во „Ромео и Јулија“, Џокер во „Фантастичен дуќан“, Кашеј во „Жар-птица“ и др.
Ја продолжил кариерата во балетските трупи во Келн и Минхен, за подоцна преминал во Националниот балет на Канада, каде што работел 54 години. Таму ја достигнал највисоката позиција – првенец, изведувајќи голем број насловни улоги на кои им дал особен индивидуален печат. Во текот на својата извонредна кариера беше ценет по своите технички квалитети, импресивно сценско присуство и исклучителна уметничка изразност.
Кон крајот на осумдесеттите години на 20 век се врати во Македонскиот народен театар, овојпат како кореограф. На 22 април 1987 година ја постави „Ромео и Јулија“ на музика од Сергеј Прокофјев (балетот доживеа обнови на 7 ноември 2003 и 23 март 2007 година). Во 2003 година го постави балетот „Ана Каренина“ на компилирана музика од Петар Илич Чајковски.
– Иако најголемиот дел од својот творечки пат го помина во странските балетски центри, Хазарос Сурмејан остави силен и траен белег во македонската танцова уметност, афирмирајќи ја како дел од светската балетска сцена. На неговото семејство, пријателите и колегите им упатуваме искрено сочувство, велат од НОБ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе