Вести Македонија Најважни

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Кривичниот суд на барање на обвинителството определи мерка ефективен притвор за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени кои денеска попладне дадоа исказ пред судија судија на претходна постапка.

Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева предходно рече дека се бара најстрога мерка за обезбедување присуство оти сметаат дека досегашните сомневања, квалитетот на доказите и вкупните околности се во насока дека таквата мерка во оваа рана фаза од истрагата е оправдана и пропорционална.

Таа истакна дека ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор.

Хаџивасилева како значајно го посочи тоа што, како што кажа, имало проактивен однос од одбраната на сите осомничени, чии размислувања оделе во насока да понудат гаранции.

Богоев беше приведен во акција на Финансиската полиција, поради сомнежи дека наместил тендер вреден над 300 илјади евра и дека за тоа примил награда од околу 1.800 евра.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Најмалку девет луѓе се убиени во израелските напади во јужен Либан

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе