Екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени дадоа исказ во кривичен. Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, кажа обвинителката и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор.

Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева рече дека се бара најстрога мерка за обезбедување присуство оти сметаат дека досегашните сомневања, квалитетот на доказите и вкупните околности се во насока дека таквата мерка во оваа рана фаза од истрагата е оправдана и пропорционална
Хаџивасилева како значајно го посочи тоа што, како што кажа, имало проактивен однос од одбраната на сите осомничени, чии размислувања оделе во насока да понудат гаранции.
Се чека одлуката на Кривичениот суд. Богоев беше приведен во акција на Финансиската полиција, поради сомнежи дека наместил тендер вреден над 300 илјади евра и дека за тоа примил награда од околу 1.800 евра.
Б.С.
