Вести Свет

(Видео) Ирански дронови го нападнаа аеродромот во Кувајт – едно убиено лице, над 60 повредени

Едно лице загина, а повеќе од 60 се повредени во ирански напади со дронови врз меѓународниот аеродром во Кувајт, соопштија локалните власти.

Иранската исламска револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападот, наведувајќи дека тој бил одмазда за американските напади врз ирански нафтен танкер и островот Кешм. Иран исто така соопшти дека цел на нападите биле американски бази во Заливот.

Лицето кое загинало во нападот на аеродромот во Кувајт подоцна било идентификувано како индиски државјанин.

Во соопштение, индиското Министерство за надворешни работи го осуди нападот, наведувајќи дека биле повредени и неколку други индиски државјани.

По нападите, Министерството за надворешни работи на Кувајт им нареди на двајца ирански дипломати да ја напуштат земјата во рок од 24 часа и го повика иранскиот вршител на должноста амбасадор на разговор.

Според централната команда на американската војска (Центком) ноќните напади врз островот Кешм, во Ормускиот теснец, биле „одговор на обидите за ирански напади низ Блискиот Исток“ а бил таргетиран ирански воен копнен контролен центар.

САД потврдија и дека нападнале и уништиле ненатоварен нафтен танкер кој пловел кон Иран, затоа што не ја почитувал американската поморска блокада на Ормускиот Теснец, која започна на 13-ти април.

Американски авион испукал ракета „Хелфајр“ во машинскиот простор на бродот кој пловел под знаме на Ботцвана откако неговиот екипаж „ги игнорирал повторените предупредувања“, се наведува во соопштението.

Револуционерната гарда веднаш се закани со одмазда, наведувајќи дека „нарушувањето на безбедноста на Ормускиот Теснец ќе има висока цена за агресивната американска војска“.

Најновата ескалација во регионот претставува закана за кревкото примирје меѓу САД и Иран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани заради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе