Вести Македонија Топ вести

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година.

Ова на својот фејсбук профил го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Со одлуката продолжува примената на намалените акцизи за горивата, како и намалениот ДДВ за бензините од 18 на 10 отсто.

Претходната мерка требаше да истече на 18 мај, но со новата одлука граѓаните и во наредните две недели ќе точат гориво по пониски цени.

Министерката посочи дека мерките се одговор на економските предизвици и нестабилноста на меѓународните пазари на енергенси.

Во понеделник истекува и попустот што компанијата ОКТА го обезбедува за бензинските станици, кој изнесува три денари за литар дизел и два денари за бензините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп со порака пред самитот: „Смешно“ е САД да го продолжат едностраниот однос со НАТО

Kristina Kuzmanovski

Сончево со мала до умерена облачност и ветровито – Временска прогноза за 4.7.2026

meteo

Португалија за влакно ја победи Хрватска, ВАР им поништи голови на Хрватите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе