Вести Македонија Топ вести

Интервентни тимови за заловување или уништување на диви животни и прифатни центри – екологија со нов Закон за природа

Интервентни тимови кои ќе заловуваат или уништуваат диви животни кои претставуваат опасност по населени места и прифатилиште за диви животни кои се заловени или повредени, се двете новости кои ги предвидува новиот Закон за природа. Законот е поставен на ЕНЕР и отворен за забелешки на граѓаните.

Законот предвидува два тима, еден на подрачјето Шар Планина и Маврово, а другиот во потегот Ресен – Охрид, а покрај заштитените зони и националните паркови би интервенирале и во ситуации како онаа синоќа во Скопје или во Маврово, каде во неколку наврати беа забележани мечки покрај контејнери.

„Една од новините во новиот Закон за природа е воведување на интервентен тим за крупни ѕверови, како и национална комисија за крупни ѕверови. Основна цел на овој интервентен тим е справување со ситуациите што ги имаме во природните средини и заштитените подрачја, пред сè, за брзо дејствување и решавање на проблемите на терен. Протоколите кои ќе бидат дефинитивни за овој интервентен тим ќе предвидуваат хумано третирање на животните. Пред се со соодветна проценка на експерти кои ќе бидат дел од тимот ќе се носи одлука како да се постапува“, Влатко Трпевски раководител на сектор за природа.

Дивите животни, заловени од тимовите или пак најдени повредени, ќе се носат во прифатилиштето кое треба да се изгради во Инџиково, а со кое ќе раководи тим од ветеринарниот факултет.

„Ќе биде предаден за работа од страна на факултетот за Ветерина, односно ангажирање на стручни лица кои хумано ќе постапуваат со сите оние повредени диви животни кои ќе ги најдеме во природа. Првична проценка е дека се потребни некаде околу 300.000 евра за првичните потреби, а временската рамка е се додека не ги најдеме овие средства“, додава Трпевски. 

Електронски регистар на загадувачи до крајот на годинава и изградба на регионални центри за управување со отпад се меѓу приоритетите на екологија. За центарот во Свети Николе обезбедени се 40 милиони евра европски средства, но првиот тендер за економски оператор пропадна, па сега се оди на втор.

„Очекуваме успешно да заврши целата постапка, да се избере економски оператор и да почне изградбата на регионалниот центар за управување со отпад во Свети Николе. Свети Николе е еден од центрите, планирани се и во Новаци и во Русино. Очекуваме дека со изградбата на регионалните центри за управување со отпад, ставаме крај на дивите депонии во нашата држава“, изјави Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање.

На денешниот редовен брифинг, министерот Хоџа соопшти дека до Владата доставил информација за токсичниот отпад во Јегуновце и ризикот по изворот Рашче и дека во рамките на министерството е формирана работна група исклучиво за ова прашање. Набрзо на владина седница ќе го презентира извештајот на ГИМ за дислокација или уништување отпадот полн со хексавалентен хром, а Владата ќе треба да донесе одлука кој опција е финансиски и временски најисплатлива.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потера по осомничениот бомбаш во Монако, камерите го снимиле како бега кон Франција

Дејан Дејан

Тригодишно дете e извлечено живо од под урнатините шест дена по земјотресите во Венецуела

Дејан Дејан

Клековски во здравство, Велковски во социјала, Стоиљковиќ е предложен за министер за локална самоуправа, а Седат Сулејмани од Вреди оди во култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе