Вести Култура

Пишувањето и читањето за траумите ги лечи и писателите и читателите

Пишувањето и читањето за траумите ги лечи и писателите и читателите, кажа директорката на Институтот за македонска литература на денешната меѓународна конференција на тема „Траумата во литературата“.

„Кога говорите за нешто, особено за самите себе си, се објективизирате себе си. Со самото тоа се дистанцирате од тоа доживувачко јас“, рече проф. д-р Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература.

За потребите на овој проект, што потекна од Културолошките студии на Институтот и резултира со дводневна конференција, Аврамовска го анализирала романот на Јагода Михајловска- Георгиева „Индиго Бомбај“. Во време на технологизација на телото, ова е творба што ја истакнува човечката сетилност и телесност, вели таа.

„Во македонската книжевност ја воведува темата на траумата на трансплантацијата на органи. Не само за семејствата на дарителите, туку и за оние кои ги примаат“, вели Аврамовска.

Трауми од војни, миграции, егзил, транзиција, се дел од темите со кои се занимаваа 28 истражувачи од Македонија и странство, вклучени на конференцијата. Низ анализата на 10-тина романи од современи регионални автори, што не враќаат на распадот на Југославија, на Филолошкиот факултет во Белград ги анализирале семејните трауми на писателите.

„Често таа траума е внатрешна. Таа се манифестира во рамките на семејството, а се разбира постои и на еден надворешен план“, рече Тихомир Брајовиќ, професор на Филолошкиот факултет во Белград.

А, на Универзитетот во Загреб, низ истражување на филмови, снимени по Втората светска војна, меѓу кои се и нашите „Фросина“ и „Мис Стон“, откриле дека идеолошки првин траумите се негирале.

„Потоа, во секој следен филм сè повеќе и повеќе станува јасно дека траумата била тешка. Па, потоа покажуваат како може траумата да се надмине за да дојдат до заклучок дека тоа не е лесно“, вели Никица Гилиќ, професор по Филмологија на Универзитетот во Загреб.

Од конференцијата ќе биде објавен зборник со трудовите на учесниците.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе