Професорката Симона Груевска-Маџоска преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик.
Во објавата таа не ги наведе конкретните причини за одлуката, но порача дека „преку некои работи не може да се премине“.
„Денес поднесов неотповиклива оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Преку некои работи не може да се премине“, напиша Груевска-Маџоска.
Таа им се заблагодари на членовите на Советот за македонски јазик, на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 2025 година, како и на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик.
Т.Д.
