Вести Свет

Град во Србија, хаос во Загреб, прекин на сообраќај во БиХ – силно невреме го зафати регионот

Силно невреме со поројни дождови, олуен ветер и град го зафати регионот, предизвикувајќи сообраќаен колапс на дел од патиштата во Србија, сериозни материјални штети во Хрватска и прекин на патните правци во Босна и Херцеговина. Надлежните служби во трите држави издадоа итни предупредувања до граѓаните за заштита на имотот и висок степен на претпазливост.

Во Србија, секторот за вонредни ситуации при МВР прогласи аларм за олујно невреме, апелирајќи до граѓаните да ги следат упатствата и да ги заштитат своите возила. Најкритично беше на автопатот Ниш – Алексинац, каде сообраќајот беше во целосен прекин поради силен град кој го побеле коловозот и околните тревници среде мај. Возачите беа принудени да застанат во сообраќајната лента за принудно запирање поради речиси никаква видливост.

Покрај околината на Ниш, невремето зафати и делови од Западна Србија, Шумадија, Поморавје и Источна Србија.

Хрватска се соочи со силен олуен ветер кој во Загреб и околните жупании корнеше дрвја и носеше покриви од куќи и деловни објекти. Директоратот за цивилна заштита во Загреб прими над 250 повици од граѓани, а едно лице е полесно повредено. Поради паднати дрвја на железничките пруги и оштетени електрични водови, јавниот превоз во главниот град на Хрватска беше во привремен прекин.

Невремето од Хрватска се прошири и во Босна и Херцеговина, каде метеоролозите издадоа портокалово предупредување. Најтешка е состојбата во Унско-санскиот кантон, каде поради одрони и паднати дрвја е затворен патниот правец Босанска Крупа – Бихаќ. Силниот ветер предизвика штети на јавни објекти во Приједор и Градишка, каде беше урната и заштитната конструкција на една оштетена зграда.

Метеоролозите најавуваат остар пад на температурите, а на повисоките планини во Босна попладнево се очекува и снег.

Смирување на времето во целиот регион се предвидува во текот на вечерните часови и во текот на утрешниот ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Граѓаните револтирани од хаосот во Центарот за вработување во Тетово – со часови чекаат да аплицираат за мерките за вработување

Дејан Дејан

Новиот Изборен законик заглави без консензус: Се бара политички договор додека опозицијата најавува блокади

Дејан Дејан

Се комплетира владината реконструкција – Мицкоски ќе ја објави по партискиот Извршен комитет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе